Почнува да се гради железничкиот Коридор 8

Bez autora
Jul 09 2012

Финансиските средства во висина од 46,4 милиони евра ќе се обезбедат од Европската банка за обнова и развој, а градежните работи треба да завршат најдоцна во 2017 година. Во март годинава „Македонски железници - Инфраструктура“ има склучено договор со консултантската компанија ИЛФ од Австрија, која треба да го изработи проектот и тендерската документација за избор на градежна фирма. Во септември треба да се распише повик за градежна компанија, а во февруари или март следната година да се започне и со градежните работи од Куманово до Бељаковце. ЕИБ, според Јанакиески, најавила и финансирање на изградбата на делницата од Бељаковце до Крива Паланка, за која се потребни 145 милиони евра за градежни работи. Градбата на овој потег би започнала најдоцна во 2015 година, а би завршила во 2020 година.

Почнува да се гради железничкиот Коридор 8Финансиските средства во висина од 46,4 милиони евра ќе се обезбедат од Европската банка за обнова и развој, а градежните работи треба да завршат најдоцна во 2017 година.

Во март годинава „Македонски железници - Инфраструктура“ има склучено договор со консултантската компанија ИЛФ од Австрија, која треба да го изработи проектот и тендерската документација за избор на градежна фирма. Во септември треба да се распише повик за градежна компанија, а во февруари или март следната година да се започне и со градежните работи од Куманово до Бељаковце, додаде Јанакиески.

ЕИБ, според Јанакиески, најавила и финансирање на изградбата на делницата од Бељаковце до Крива Паланка, за која се потребни 145 милиони евра за градежни работи. Градбата на овој потег би започнала најдоцна во 2015 година, а би завршила во 2020 година.

Делницата од Коридорот 8 од Крива Паланка до Деве Баир, е најтежок и најскап, а Министерството за транспорт поднело барање до ИПА за обезбедување на средства во висина од два милини евра за изработка на основните проекти. Според проценките оваа делница ќе чини 332 милиони евра, средства кои треба да се обезбедат од ИПА, Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициска банка.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik